
Линдзи Вон повторно покажа зошто уште години по завршувањето на врвната скијачка кариера е една од најследените спортистки во светот.
Легендарната Американка се појави на свеченото отворање на Музејот за наративна уметност Лукац во Лос Анџелес, каде го привлече вниманието на фотографите и гостите благодарение на гламурозниот изглед.
Вон (41) заблеска во долг елегантен фустан со длабок деколте, кој ја истакна нејзината фигура и беше еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
На црвениот тепих позираше насмеана и расположена, а фотографиите брзо ги обиколија светските медиуми.
.