Дома Фудбал Македонија има најмали шанси за промоција! (Фото)

Македонија има најмали шанси за промоција! (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација во сабота го започнува настапот во Лигата Б од Лигата на нации, и тоа со тежок натпревар против Швајцарија, а прогнозите на суперкомпјутерот не се особено поволни за нашиот национален тим.

Македонија е во група со Швајцарија, Шкотска и Словенија, а според анализата базирана на 20.000 симулации, „црвено-жолтите“ имаат најмали шанси од сите репрезентации во Лигата Б да стигнат до промоција во најсилната дивизија.

На Македонија ѝ се даваат само 7,1% шанси за промоција, при што во оваа проценка се вклучува и можноста за пласман во плеј-офот. Следна на листата е Северна Ирска со 15%, додека нашиот прв противник, Швајцарија, е убедливо на врвот со дури 82% шанси за промоција во Лигата А.

Зад Швајцарците следуваат Австрија со 61%, Украина со 57%, Шведска со 47%, Полска со 42% и Унгарија со 37%.

Од нашите ривали во групата, Шкотска има 32%, додека Словенија е на 18% и е најблиску до Македонија според проценката на суперкомпјутерот.

Во овој репрезентативен циклус Македонија ќе одигра вкупно четири натпревари – двапати против Швајцарија, дома и на гости, потоа ќе ја пречека Шкотска, а циклусот ќе го заврши со гостување кај Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајцарските навивачи во Скопје ќе имаат марш до стадионот

Македонија в сабота го започнува настапот во Лигата на нации, а на стартот ќе се соочи со …