Дома Фудбал Артета потпишува нов богат договор со Арсенал!

Артета потпишува нов богат договор со Арсенал!

Шпанецот Микел Артета пристигна во Арсенал во 2019 година и минатата сезона конечно успеа да ја врати титулата во витрините по повеќе од 20 години.

Како што пренесува Би-Би-Си, управата на клубот успеала да се договори со тренерот за нов договор.

Договорот ќе биде за повеќе сезони, не се спомнува точно колку, а Артета ќе добие сите овластувања за создавање на тимот.

Исто така, ќе добие и покачување во однос на сегашните 10 милиони фунти годишно и 5 милиони кои се во бонуси.

Шпанецот сака да создаде династија во Арсенал по примерот на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед и легендата на Арсенал Арсен Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…