Дома Фудбал Феран Торес се пресели во Париз, но едно нешто не успеа да го земе со себе: „Многу ми недостига!“

Феран Торес се пресели во Париз, но едно нешто не успеа да го земе со себе: „Многу ми недостига!“

Феран Торес откри една интересна страна од неговиот живот по преселбата од Барселона во Париз, а во приказната главна улога има неговиот поранешен соиграч Педри.

Шпанскиот фудбалер во разговор за „El Hormiguero“ раскажа дека изминатата недела била исполнета со преселба и пренесување на неговите работи од Барселона во Париз.

„Оваа недела се занимавав со преселбата и со носењето на сите мои работи од Барселона во Париз“, откри Торес.

Но, во шеговит стил, тој посочи дека постои една работа што никако не успеал да ја „донесе“ со себе.

„Единствениот што не успеав да го донесам е Педри! Многу ми недостига“, се пошегува Торес.

Изјавата предизвика насмевки, особено имајќи ја предвид блискоста меѓу двајцата фудбалери од периодот поминат заедно во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Макелеле жестоко по Реал Мадрид: „Нема разбирање меѓу играчите, тимот е слаб!“

Легендарниот француски фудбалер Клод Макелеле даде исклучително критички осврт на актуелна…