Дома Фудбал Братот на Игуаин навреди судијка и веднаш доби отказ

Братот на Игуаин навреди судијка и веднаш доби отказ

Фудбалскиот клуб Columbus Crew од американската MLS лига му врачи отказ на Федерико Игуаин, братот на познатата ѕвезда и напаѓач Гонзало Игуаин.

Како што известуваат медиумите од САД, Федерико Игуаин, кој беше тренер на резервниот тим на Коламбус, беше отпуштен откако за време на натпревар зема судијката за рака и ѝ рече да “не заборави дека ова е машка игра”.

Тогаш Игуаин беше исклучен од натпреварот и доби суспензија од две натпревари, по што клубот реши да го отпушти.

Синдикатот на судии во MLS, Професионалното здружение на фудбалските судии (PSRA), остро го критикуваше одговорот на лигата, изразувајќи дека казната за Игуаин е “значително недоволна”.

Без да го именува Игуаин, PSRA наведе дека “машки тренер изврши два намерни акта на физичко насилство и сексизам против женска судијка – ја стегна за рака и откажа на повикувањето да престане”.

PSRA дополнително истакна дека “физичкото заплашување дополнително било влошено со понижувачката, сексистичка забелешка упатена кон службеничката: ‘Не заборави, ова е машка игра’.”

Од Columbus Crew соопштија дека Игуаин бил ослободен од должност по дополнителна проценка на целата ситуација.

“Заклучивме дека е во најдобар интерес за нашиот клуб, играчите и помошниот персонал да го отстраниме Федерико Игуаин од неговата позиција“, изјави генералниот директор на Crew, Исса Талл, во изјава за јавноста.

Игуаин, кој има 41 година, играше за Columbus Crew во MLS осум сезони од 2012 до 2019 година, а пред пензионирањето во 2021 година, настапуваше и за DC United и Inter Miami.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Поранешниот селектор на Мексико е нов тренер на Димитриевски

Најавите од изминатите часови добија официјална потврда, Хавиер Агуире е нов тренер на Вал…