Дома Фудбал Швајцарските навивачи во Скопје ќе имаат марш до стадионот

Швајцарските навивачи во Скопје ќе имаат марш до стадионот

Македонија в сабота го започнува настапот во Лигата на нации, а на стартот ќе се соочи со Швајцарија, која ја има фаворитската улога во пресрет на дуелот.

Гостите во Скопје нема да бидат без поддршка од трибините, бидејќи се очекува во главниот град да пристигне значителен број швајцарски навивачи. Од Швајцарската фудбалска федерација објавија и информации со насоки за навивачите, со цел натпреварот да помине без проблеми.

Според најавите, швајцарските фанови ќе се собираат од 16:00 часот пред ГТЦ, а во 19:00 часот ќе тргнат во организиран навивачки марш кон стадионот.

Од федерацијата воедно ги замолиле навивачите да не оставаат налепници во локалот каде што ќе се собираат. За стадионот, пак, наведено е дека ќе бидат дозволени швајцарски и кантонални знамиња, како и традиционалните кравји ѕвонци.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија е закажан за 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Братот на Игуаин навреди судијка и веднаш доби отказ

Фудбалскиот клуб Columbus Crew од американската MLS лига му врачи отказ на Федерико Игуаин…