Јувентус иако перфектно ја започна сезоната, пред неколку дена беше елиминиран од Купот, а синоќа испушти два гола предност против Парма на домашен терен.
Тоа веднаш го запали „алармот“ во Торино, па италијанските медиуми тврдат дека на лето ќе дојде до тренерска смена, без разлика каков ќе биде исходот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е 5-та сезона на Алегри во Јувентус, па и тој самиот посакува нова авантура. Летото имаше понуда од Реал Мадрид, реши да остане, но на лето најверојатно ќе ја напушти „старата дама“.
Медиумите во Италија тврдат дека двете страни спогодбено ќе се разделат, а Јувентус веќе го нашол наследникот на Алегри.
Станува збор за Зинедин Зидан, играчка легенда на Јувентус, кој во моментов е без ангажман после трите освоени титули во Лигата на шампиони.