Дома Фудбал Винисиус беше на чекор од трансфер: Еве каде требаше да заврши!

Винисиус беше на чекор од трансфер: Еве каде требаше да заврши!

Повеќе од една година траеја преговорите на Винисиус Жуниор со раководството на Реал Мадрид за новиот договор.

Бразилскиот фудбалер не беше задоволен од односот кој клубот го има кон него. Бараше плата на ниво како онаа на Килијан Мбапе, но кралскиот клуб постојано го одбиваше тоа.

Сепак, на крај Вини доби што сакаше. На чудесен начин, Флорентино Перез попушти пред барањата на ѕвездата на клубот и тој се врза со нов договор за клубот.

А сѐ можеше да биде и поинаку ако Реал одбиеше да му ја даде сумата која ја бараше. Шпанскиот весник El Debate тврди дека Винисиус беше на чекор од заминување и го подготви куферите за премин во Арсенал.

“Винисиус беше многу блиску до заминување во Арсенал и добар дел од соблекувалната го сметаше неговото заминување за веќе завршена приказна”, наведува El Debate.

Сепак, на крај доби што сакаше и остана во клубот. Кралевите направија сѐ за да го задржат.

“Флорентино Перез секогаш беше јасен во својата желба за негово останување. Жозе Мурињо го уверуваше дека е клучен играч за неговиот проект.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Поранешниот селектор на Мексико е нов тренер на Димитриевски

Најавите од изминатите часови добија официјална потврда, Хавиер Агуире е нов тренер на Вал…