Дома Фудбал Италија Го обвини Јувентус дека мести, а сега се правда: Само се шегував

Го обвини Јувентус дека мести, а сега се правда: Само се шегував

Италијанскиот шампион Јувентус неодамна беше обвинет од директорот на „РАИ 2“, Карло Фречеро дека го контролира ВАР.

Ќе потсетиме Фречеро доби прашање дали ќе се гледа Серија А, на неговата телевизија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Јас гледам само Премиер лига. Зошто? Во Италија секогаш победува Јувентус бидејќи го контролираат ВАР. Маневрираат во своја корист со целиот систем и тоа е иритантно. Форза Рома“, изјави Фречеро.

Поради оваа изјава беше повикан состанок со управата на „Раи Спорт“ на кој тој мораше да ја објасни својата изјава.

„Кажав дека се шегував цело време. Знам дека Јувентус има огромен број навивачи и тоа покажува каков клуб се. Луѓето ми кажаа дека се чуствуваат навредено, но јас само се шегував. Сакав само да внесам малку забава во емисијата“, се правдаше Фречеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…