Дома Фудбал Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Рафаел Гереро, кој летово остана без клуб.

Португалецот е слободен играч по заминувањето од Бајерн, а за неговите услуги интерес покажа и Олимпијакос.

Гереро во текот на кариерата најчесто играл на позицијата лев бек, но може да одговори и на барањата во систем со тројца стопери, што би му одговарало кај Џан Пјеро Гасперини. Римјаните досега на левата страна користеле играчи на кои природната позиција им е десен бек.

Искусниот Португалец има 32 години, а пред Бајерн играл за Борусија Дортмунд и Лоријан. Во Минхен настапуваше на повеќе позиции, но договорот не му беше продолжен. Бидејќи е без ангажман, Рома може да го доведе без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола испрати брутални пораки до играчите на Ливерпул! „Сpackувајте ги куферите и заминете!“

Шпанскиот стручњак започна со сериозни промени во тимот, а откако пред паузата за репрезен…