
Шпанскиот стручњак започна со сериозни промени во тимот, а откако пред паузата за репрезентациите се појави информација дека Ватару Ендо е ставен на излезната врата пред јануарскиот трансфер период, сега во речиси идентична ситуација се наоѓа уште еден познат фудбалер.
Станува збор за Федерико Киеза, чија авантура во Ливерпул не се развиваше како што се очекуваше кога во 2024 година пристигна од Јувентус.
Киеза во 50 натпревари за Ливерпул постигна само пет гола, а нова шанса требаше да добие со доаѓањето на Ираола.
Меѓутоа, ниту почетокот на новата ера не помина како што тој посакуваше. Во текот на подготовките се повреди во долниот дел на грбот и повторно мораше да направи пауза.
Оваа недела се врати на тренинзите, но според информациите од италијанскиот Калчомеркато, Ираола веќе донесол многу јасна одлука.
На Киеза наводно му било кажано дека ќе мора „да ги спакува куферите“ во јануари и да бара нов клуб.
Доволно за неговиот моментален статус зборува и фактот што Ираола не го пријавил за Лигата на шампионите. Иста судбина го снајде и Ендо, кој оваа сезона уште нема одиграно ниту една минута.