Луис Хамилтон не е сигурен дали со Мерцедес ќе потпише нов договор.
Иако договорот на Мерцедес и Хамилтон истекува следното лето, се уште не е потпишан нов, а и самиот Хамилтон се уште не е сигурен дали и натаму ќе биде во тимот на Мерцедес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Обично правиме план за следните три години. Но, секако, сега е друго време. Дали сакам да потпишам тригодишен договор? Тоа исто така е прашање. Се уште има многу прашања на кои треба да се одговори.“ – рече шесткратниот светски шампион и додаде:
„Не сум преговарал со било кој друг тим и не планирам тоа да го направам. Еден ден Тото Волф и јас ќе разговараме за тоа прашање и ќе видиме дали нашиот пат ќе биде заеднички. Времето ќе покаже. Се надевам дека ќе има вести во следните неколку месеци.“