Mладиот норвешки напаѓач, Ерлинг Халанд ја воодушеви фудбалска Европа оваа сезона.
Овој 19 годишен фудбалер настапува за Ред Бул Салзбург. Најмногу Халанд се прослави со одличните настапи во Лигата на шампионите каде што во овој момент е прв стрелец со шест гола. Освен во Лигата на шампионите, Халанд е одличен и во другите натпреварување. Во австријската Бундес лига постигна 12 голови на 10 натпревари, а во Купот на таа земја постигна четири гола на два натпревари. Кога се ќе се собере, тој вкупно постигна 22 гола на 15 натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега „Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус е спремен за неговите услуги да понуди 40 милиони евра. Според информациите најпознатиот светски агент, Мино Раиола веќе работи на овој трансфер.
Истиот извор пишува и дека Норвежанецот се поврзува уште со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, па така на „старата дама“ сигурно нема да и биде лесно да стигне до неговиот потпис.