Дома Фудбал Англија Јувентус ги исплаши „граѓаните“: Манечстер Сити го задржува Гвардиола со договор од 100 милиони евра!

Јувентус ги исплаши „граѓаните“: Манечстер Сити го задржува Гвардиола со договор од 100 милиони евра!

Манчестер Сити сака да се обезбеди дека Пеп Гвардиола ќе остане на „Етихад“ откако се појавија шпекулации дека Јувентус има намера да го доведе.

Јувентус пред неколку дена соопшти дека Масимилијано Алегри повеќе нема да биде тренер на овој клуб иако освои пет титули шампион на Италија во низа. После ова во медиумите се појавија шпекулации дека Јувентус преговарал со Гвардиола, а потоа и дека тој го одбил шампионот на Италија. Меѓутоа во Манчестер Сити сакаат да се обезбедат дека ќе го задржат Гвардиола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот стратег доминира со Манчестер Сити во Англија и во куповите и во првенството, но Лигата на шампионите се уште е сон за овој клуб.

Поради шпекулациите кои се појавија за можен трансфер во Јувентус Британците тврдат дека Манчестер Сити на Гвардиола ќе му понуди богат договор на пет години според кој Пеп ќе инкасира 20 милиони евра по сезона.

Гвардиола така од овој договор би заработил дури 100 милиони евра, секако доколку остане на „Етихад“ до крајот на истиот. Иако немаше успех во Лигата на шампионите, Гвардиола за освоените трофеи во Англија оваа сезона доби пет милиони евра.

Сепак, ако се водиме според изјавата на Гвардиола тој засега не сака да преговата за продолжување на соработката.

„Ми остануваат уште две години од договорот со Манчестер Сити. Задоволен сум и не ми се оди никаде. Дали ќе останам до крај на договорот тоа зависи од резултатите, но јас и клубот сме спремни за предизвиците кои не чекаат“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…