Ова најверојатно ќе биде епилогот после 239-тото „Ел Класико“.
Реал Мадрид е во навистина лоша ситуација во последните седум натпревари запишаа пет порази, славеа само против Викторија Плзен во Лигата на шампионите со 2:1, а денес доживеаа катастрофа во големото дерби против Барселона, која беше без Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лопетеги на конференција за медиуми даде изјава во која зборуваше како да е убеден дека ќе остане (тука), но како што стојат работите изгледа Перез одлучил.
Како што пренесува „Радиоестадио“, во наредните неколку часа Јулијен Лопетеги ќе добие отказ!
Лопетеги клубот го превзема пред почетокот на Мундијалот во Русија, а поради работата на „Бернабеу“ ја изгуби селекторската функција во „Црвената Фурија“, а сега е јасно дека тој ризик не се исплатеше.
Според нјавите нов тренер на Реал Мадрид ќе биде Антонио Конте кој е без ангажман откако доби отказ во Челзи.
„Радиоестадио“ најавува и дека Италијанецот утре во 13 часот ќе биде промовиран како нов тренер на гигантот од Мадрид.
? NOTICIA de @edupidal en @OndaCero_es
➡️"Podemos contar que en las próximas horas será anunciada la DESTITUCIÓN de Julen Lopetegui. La intención del club es anunciar a ANTONIO CONTE y presentarlo mañana a las 13H"#Radioestadio pic.twitter.com/vv9OWxXzgP
— Radioestadio (@Radioestadio) October 28, 2018