Дома Фудбал Руни му се закани на Керол со тужба: Тоа што го пишува се измислици!

Руни му се закани на Керол со тужба: Тоа што го пишува се измислици!

Во автобиографијата „Owning It“, некогашната ѕвезда на Ливерпул, Њукасл и Вест Хем, членот на англиската репрезентација Енди Керол опишува некои несекојдневни моменти со Вејн Руни при нивните средби на репрезентативни подготовки. Но, Руни во одговор на ова — предупредува со тужба.

Керол зборува дека за време на подготовките од 2010 и 2011 година, Руни ги поканувал соиграчите на неформални дружења во неговата соба, каде што биле опслужувани со алкохол и цигари.

„Околу него имаше гајби пиво и шишиња вино, што му ги донесуваше хотелскиот менаџер, а наскоро собата беше преполна со играчи.

Ниту еден не се опиваше, тоа беше само негов начин да донесе малку забава и релаксација во нивните рутини “, стои во книгата на Керол.

Руни, пак, не остана должен со својата јавна реакција:

„Обично не реагирам на лажни приказни за мене, но оваа морам да ја коментирам. Енди и јас никогаш не бевме блиски. Само еднаш налетав на него за време на одмор, и тоа беше сè. Што се однесува до приказната за моето пиење за време на репрезентативните паузи, тоа е измислица. Не знам од каде е потеклото на таа приказна и многу сум разочаран.“

Но, очигледно, Руни е толку налутен што неговите адвокати испратиле остар протест до издавачите на книгата со закана за судска постапка.

Британските медиуми забележуваат дека Руни е свесен дека не е „светец“ и „невино агне“, но овој случај за него е прашање на принцип и дека не планира да се откаже.

Ако пак целта беше манипулација, Керол доби одличен публицитет за книгата. Само се надеваме дека нема да го чини премногу скапо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус за 50 милиони евра ќе го реши голманското прашање

Јувентус сè уште нема трајно решение за позицијата на голман. Се соочија со ограничен буџе…