
Шпанските телевизиски камери забележаа интересен момент со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски пред неговите настапи во дресот на Валенсија.
На објавената снимка се гледа како член на медицинскиот тим на шпанскиот клуб му нанесува маст на градите на Димитриевски, а потоа му дава и да вдиши од неа. Станува збор за метода која често се користи во фудбалот, најчесто со препарати на база на ментол, со цел да се олесни чувството на дишење при големи физички напори.
Очигледно, овој мал ритуал му одговара на македонскиот голман. Димитриевски сезонава се избори за статус на прв избор меѓу стативите на Валенсија и досега е меѓу позабележителните поединци во тимот.
Иако „лилјаците“ не го започнаа најдобро новото првенство, македонскиот интернационалец остава позитивен впечаток со своите настапи и продолжува да ја оправдува довербата што ја добива од стручниот штаб.