Дома Фудбал Голем пресврт во Реал Мадрид: Мурињо го сопре заминувањето на играчот кој веќе беше отпишан

Голем пресврт во Реал Мадрид: Мурињо го сопре заминувањето на играчот кој веќе беше отпишан

Завршницата на преодниот рок може да донесе неколку изненадувања, а едно од најголемите е поврзано со иднината на младиот стопер Раул Асенсио.

Иако долго време беше речиси сигурно дека Асенсио ќе го напушти Сантијаго Бернабеу, сега шпанските медиуми тврдат дека Мурињо сериозно го променил мислењето по она што го видел за време на подготовките.

Според информациите на новинарот Хозе Феликс Диаз, токму Асенсио оставил најдобар впечаток на португалскиот стручњак пред да заработи мала повреда.

“Мурињо признава дека Асенсио беше играчот на Реал Мадрид кој најдобро тренираше до повредата, но Хорхе Мендес доби задача да му најде нов клуб”, наведува Диаз.

Мурињо при доаѓањето во Мадрид јасно порача дека сака да доведе уште еден стопер, што значеше дека за Асенсио нема да има место во тимот.

Но, младиот дефанзивец со својот однос кон работата, вложувањето и настапите за време на подготовките успеа да го убеди тренерот дека заслужува нова шанса.

Асенсио покажа голема борбеност и желба да се посвети на тимот, а токму тие особини, според шпанските информации, го импресионирале Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Отворени се вратите за спектакуларен трансфер на Хулијан Алварез!

Алварез веќе со недели е во центарот на една од најголемите трансфер саги ова лето, особен…