Дома Фудбал Легендарниот Лотар Матеус по разводот снимен со девојка која е помлада од неговата ќерка

Легендарниот Лотар Матеус по разводот снимен со девојка која е помлада од неговата ќерка

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус (65) беше виден како го прославува Октоберфест заедно со својата 27-годишна партнерка, која е неверојатно, помлада и од неговите ќерки.

Некогашниот играч на средината на теренот на Германија беше уловен на фотографија со својата избраничка Тереса Сомера на 191-то издание на Октоберфест во Минхен. Со задоволство позираа пред камерите.

Манекенката, која е за 38 години помлада од него, носеше традиционален сатенски фустан без ремени, долг до подот, во боја на шампањ, со тесен корсет, додека Матеус беше облечен во светлосин елек врз кошула со кратки ракави, нешто слично на традиционалните кожени панталони “ледерхозен“.

Како пар, Матеус и Сомера низ годините привлекуваат многу внимание. Заедно се околу 18 месеци, а првпат беа видени заедно на скијање во Австрија во април минатата година.

Животот на Матеус надвор од теренот честопати беше бурен, затоа што поранешниот германски капитен има пет разводи зад себе.

Матеус ја запозна својата прва сопруга, Силвија, во 1981 година. Заедно имаа две деца, Алиса родена 1986 и Вјола родена 1988 година. Сепак, се разделија во 1992 година.

Во истата година, швајцарската манекенка Лолита Морена го роди неговиот трет син, Лорис.

Во одреден период, тој беше и српски зет. Во Белград повторно ја пронашол љубовта со 31-годишната модна претприемничка Маријана Чолиќ.

Двојката се разделила кога Матеус започнал да излегува со украинската манекенка Кристина Лилијана Чудинова во 2007 година. Подоцна, се оженил со неа во Лас Вегас, но бракот завршил во 2010 година.

Матеус последен пат стапил во брак во 2014 година, кога се венчал со Анастасија Климко, со која има син Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни му се закани на Керол со тужба: Тоа што го пишува се измислици!

Во автобиографијата „Owning It“, некогашната ѕвезда на Ливерпул, Њукасл и Вест Хем, членот…