Дома Останати Авто Мото Хамилтон: Не ми е јасно што се случува со Фетел и Ферари

Хамилтон: Не ми е јасно што се случува со Фетел и Ферари

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон во неделата ја продолжи својата доминација со победата на трката за Големата награда на Јапонија.

Хамилтон во Јапонија имаше одличен викенд кој го круниса со победа и така дојде на чекор до одбрана на титулата. Британецот водеше од самиот почеток на трката, а повеќе се очекуваше од неговиот главен ривал Себастијан Фетел кој уште еднаш разочара.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фетел заврши дури на шестата позиција иако добро тргна. СУдарот со Верстапен го чинеше многу возачот на Ферари и сега е се подалеку од Хамилтон. Британецот после трката призна дека е изненаден од падот на формата на Ферари од трката во Монца.

„До средината на сезоната беа одлични и силни. Во Монца имаа добар викенд, но потоа тргна се надолу за нив. Не очекував дека вака ќе паднат. Не ја знам причината и не сум фокусиран на тоа. Можеби Себастијан ги има одговорите на тоа прашање.“ – изјави Хамилтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …