Aмериканецот Вестон Мекени од редовите на Јувентус се повреди во вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Виљареал.
Мекени веднаш по замената бил однесен во болница каде што му била направена снимка. „Скај Италија“ објави фудбалерот се здобил со скршеница на стапалото. Ако овие информации се покажат како точни за 23-годишниот Мекени сезоната е завршена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во досегашниот дел од сезоната Мекени собра 28 настапи е беше важен дел од тимот на италијанскиот стратег.
Ова е уште еден удар за Јувентус кој на листата повредени ги има Паоло Дибала, Федерико Киеза, Даниеле Ругани, Џорџо Киелини и Федерико Бернардески. Ќе потсетиме и Киеза нема да се врати на терените во текот на оваа сезона.