Eдна убава приказна која ја води славниот Сеск Фабрегас може да биде испишана во вториот ранг на италијанскиот фудбал веќе во викендот кој следи.
Имено, екипата на Комо е на чекор од пласман во калчо-елитата и за тоа потребна им е само уште една победа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Комо пред последното коло е второпласиран на табелата во вториот ранг на италијанскиот фудбал и во последното коло игра против Косенца која е на средина на табелата и овој натпревар резултатски не и значи. Ако Комо победи во тој дуел обезбедува место во Серија А.
Последен пат овој клуб во друштвото на најдобрите во италијанскиот фудбал играше во сезоната 2002/2003.
Од Серија Б кам-бек во елитата обезбеди Парма која го освои првото место. Екипата на Венеција чека евентуален кикс на Комо и со победа да го преземе второто место.