Дома Фудбал Некогаш вредеше 100.000.000 евра а сега го напушта бродот на Милан што тоне

Некогаш вредеше 100.000.000 евра а сега го напушта бродот на Милан што тоне

Португалскиот фудбалски репрезентативец Рафаел Леао потврди дека има намера да го напушти Милан по завршувањето на претстојното Светско првенство, истакнувајќи дека сака нов предизвик и продолжување на кариерата во друга лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дваесет и шестгодишниот напаѓач изјави за португалските медиуми дека смета дека го дал максимумот за време на седумгодишниот престој во италијанскиот гигант.

„Лично, дадов сѐ за Милан. Тоа е клуб што многу ми помогна да напредувам и ме поддржа во тешките моменти. Среќен сум што успеав да оставам траг во историјата на клубот. Секој има амбиции, а јас сонувам за нов предизвик во нова лига. Ако се случи тоа, ќе бидам многу среќен затоа што мојата работа во Милан ја обавив како што треба“, рече Леао.

Тој нагласи дека во моментов главен приоритет му е настапот за репрезентацијата на Португалија на Светското првенство 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачи на Пелистер се степаа меѓу себе во дуелот со Шкендија Арачиново! (Видео)

Денеска во Кавадарци се игра баражот за место во Првата лига помеѓу Пелистер и Шкендија, а…