
Англискиот фудбал беше затресен од веста за исходот на долготрајниот процес против Манчестер Сити, кој беше прогласен за виновен за речиси сите точки на обвинението за прекршување на финансиските правила.
Како што известува новинарот Дејвид Орнстин, независна комисија утврди одговорност на актуелниот вицепрвак за дури 114 од вкупно 115 обвиненија.
Иако се дискутираат строги казни како одземање на бодови дури и исфрлање од лигата, конечниот исход ќе го чека жалбениот процес кој клубот од Етихад очекувано ќе го покрене.
Веднаш после објавата на пресудата, следеше експресна и многу провокативна реакција од таборот на градскиот ривал.
Легендата на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд се огласи на социјалната мрежа X и директно aludираше на можната промена на историјата на Премиерлигата.
Another premier league medal to be added to the cabinet 👀 https://t.co/lroufnRElY
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) Септември 25, 2026
“Уште еден премиерлигашки медал за мојата колекција”, порача тој.
Со овој коментар, поранешниот англиски дефанзивец алудираше на легендарната завршница на сезоната 2011/12, кога Сити во последните секунди ја одзеде титулата од Јунајтед.
Фердинандовата забелешка набрзо стана главна тема во англиските медиуми, иако дури одземањето на претходно освоените трофеи сѐ уште не е официјално потврдено.
Одлуката за конкретните санкции ќе се донесе понатаму, така што останува да се види дали ироничниот став на Фердинанд на крајот ќе добие и реална потврда.