Дома Фудбал Хаос по натпреварот во Будимпешта: Се степаа Унгарци и Украинци (Видео)

Хаос по натпреварот во Будимпешта: Се степаа Унгарци и Украинци (Видео)

По крајот на натпреварот од Лигата на нации во Будимпешта меѓу Унгарија и Украина, на теренот дојде до масовна тепачка во која се вклучија играчи од двете репрезентации. Украина како гостин славеше со резултат 1:0.

Во продолжението од натпреварот, украинскиот играч Александар Назаренко направи сериозен прекршок врз противникот, што резултираше со втор жолт и, соодветно, црвен картон, што предизвика инцидент на теренот.

Откако ситуацијата се смири, австралискиот судија Џаред Џилет заради несоодветно однесување покажа жолти картони на по двајца играчи од двете репрезентации, унгарските репрезентативци и соиграчи од Ливерпул, капитенот Доминик Собослај и Милош Керкез, како и на украинските фудбалери Никола Матвиенко и Виктор Циганков.

Украина победи 1:0 со голот на Данило Сикан во 42. минута.

Во второто коло од Лигата на нации, Украина ќе се соочи против Грузија во Тбилиси (28 септември), додека Унгарија истиот ден ќе биде на гостување кај Северна Ирска во Белфаст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фердинанд се израдува на пресудата за Сити: Нов медал во колекцијата!

Англискиот фудбал беше затресен од веста за исходот на долготрајниот процес против Манчест…