Милан го има еден од најмладите тимови во Европа, мисијата на клубот е што побрзо да обезбедат нови договори за најважните фудбалери на тимот.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза со Тео Хернандес, Рафаел Леао и Исмаил Бенасер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тројцата фудбалери имаат договори со „росонерите“ до 2024 година, но Милан сака да ја продолжи соработката и да им даде зголемување на платата.
Се очекува тројцата наредниот месец да стават потписи на договори до 2026 година. Тео Хернандес со новиот договор ќе заработува 4 милиони, додека Леао и Бенасер по 3,5 милиони евра.
Платите на тројцата за пет години со вклучени бонуси и даноци ќе го чинат Милан точно 80 милиони евра.
Претходно потписи на нови договорија ставија Салемакерс, Калабрија и Матео Габија.
Agenda rinnovi #ACMilan
— Nicolò Schira (@NicoSchira) February 3, 2022
⏳ #TheoHernandez 2026
🔜 Ismael #Bennacer 2026
📈 Rafael #Leao 2026
Dirigenza rossonera al lavoro per completare altri 3 importanti rinnovi nelle prossime settimane. #calciomercato