Дербито во Торино ќе се одигра на стадионот Алијанц вечерва, кога Јувентус го пречекува ривалот Торино во еден од клучните натпревари на Јуве сезонава.
Јувентус моментално е четврти на табелата во Серија А, со девет бода помалку од водечкиот Милан, додека Торино го зазема 10-то место со 32 бода од првите 24 натпревари сезонава.
Јуве е далеку од титулата
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јувентус ја зголеми својата серија без пораз во Серија А на 11 натпревари во неделата вечерта, кога се спаси во 92-та минута во дербито со Аталанта. Мечот заврши 1:1 благодарение на голот на Данило пред крајот. Јуве може да биде задоволен со тој бод, со оглед на тоа што беше целосно надигран од Аталанта – најголемиот конкурент за пласман во Лигата на Шампиони следната сезона.
Веќе рековме во воведот дека овој меч е од голема важност за Јуве, а тоа има врска и со овој предходен дуел со Аталанта. Имено, Јуве е 4-ти, но со само два бода повеќе од Аталанта која пак има и натпревар помалку. Тоа значи дека секој нареден кикс на Јуве, може да го исфрли од топ 4 екипите на табелата.
Реално, титулата за Јуве е далеку и тоа е невозможна мисија оваа сезона, но доколку не обезбедат место во Лигата на Шампиони следната сезона тоа ќе биде вистинска трагедија за тимот.
Тежок распоред пред Јувентус
„Старата дама“ победи на три од последните пет меча во лигата, но има уште многу работа до крајот на сезоната.
Минатата сезона завршија четврти во Серија А. Веќе следната недела ќе играат во Лигата на шампионите против Виљареал, патувајќи за Шпанија на првиот натпревар од осминафиналето, додека на почетокот на Март ќе гостуваат кај Фиорентина во полуфиналето на во Копа Италија. Тоа е еден крајно тежок распоред, а и крајно важни натпревари.
Тимот на Масимилијано Алегри, сепак не може да си дозволи да го тргне окото од лигата и тие ќе се обидат да уживаат во успех во Дерби дела Моле во петок, откако победија на 74 од нивните претходни 153 средби во првата лига на Италија во гратското дерби, вклучително и победата од 0:1 во првиот сезонски меч уште во Октомври.
Торино сонува за победа во дербито
Торино го нема победено Јувентус во ниту едно натпреварување од победата на домашен терен со 2:1 во Април 2015 година, додека нивната последна победа на гости над нивните ривали дојде за време на сезоната 1994-1995 во Серија А, што е показател за големината на нивната задача.
Торино беше присутна во секоја од последните 10 сезони во Серија А, но тие завршија на 16-то и 17-то место во нивните последни две сезони, преживувајќи го испаѓањето за само четири поени минатата сезона.
Екипата нема страв од испаѓање во оваа фаза од сезоната, бидејќи со девет победи, пет нерешени и 10 порази имат 32 бода, што е доволно за 10-то место на табелата, околу 11 бода повеќе од последните три екипи.
Торино сепак пред овој меч е во слаба форма и освои само еден бод од нивните последни три натпревари во Серија А, откако ремизираше со Сасуоло на 23-ти јануари пред да загуби од Удинезе и Венеција во нивните последни два натпревари.
Екипата на Иван Јуриќ несомнено ќе биде аутсајдер на овој меч, но ова не е тимот на Јувентус кој доминираше во италијанскиот фудбал толку години, а гостите ќе се надеваат дека Старата дама ќе има едно око свртено кон мечот со Виљареал следната недела.