Фудбалерот на Аталанта Рафаел Толој поминува низ семејна трагедија.
Аталанта го победи Јувентус со 3:0 во четвртфиналето од Купот на Италија, но тој успех не можеше да го прослави и дефанзивецот Рафаел Толој.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпреварот Толој дознал дека сопругата во вториот месец од бременоста го изгубила бебето.
„Пред влегувањето на стадионот како и пред секој натпревар ја побарав сопругата. Овој пат ми изгледаше дека нешто не е во ред. Многу добро ја познавам“.
„Тој ден отиде на рутинска контрола. Требаше да го слушнеме отчукувањето на срцето на бебето. Барав од неа да го сними и да ми го испрати преку порака, а таа ми одговори дека батеријата и е празна“.
„Покрај сите негативни мисли си кажав себе си, ако нешто лошо се случило единствено што можам е да им помогнам на соиграчите да победиме во овој важен натпревар и да однесам барем малку радост дома. Го победивме големиот Јуве со 3:0, а кога се вратив дома ми беше кажано дека сопругата го изгубила бебето. Какба болка и тага“, стои во постот на Толој на неговиот Инстаграм профил.