Дома Македонски спорт Работата завршена: Лихтенштајн испратен со „петарда“ 🎥

Работата завршена: Лихтенштајн испратен со „петарда“ 🎥

Денес репрезентацијата на Македонија забележа сигурна и очекувана победа против аутсајдерот во нашата група, Лихтенштајн.

Од самиот почеток нашата селекција беше таа која доминираше, не му дозволивме на противникот во ниту еден момент да се надева на некакво изненадување. Првиот гол дојде по грешка на гостинскиот голман, погоди Барди од слободен удар. Иако ја имавме целосната доминација, сепак тоа беше единствениот гол во првото полувреме.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Како што заврши првиот дел така започна и вториот. Александар Трајковски во почетните минути од второто полувреме во 51. и 53. минута го „откажа“ Лихтенштајн со два брзи гола.

Во продолжение преку Елмас и Несторовски од пенал дојдовме до убедлива победа од 5:0.

Следниот натпревар Македонија го игра веќе во среда и тоа ќе биде многу посериозен предизвик, против Германија на гостински терен.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…