Бразил синоќа ја победи Србија со 2:0 и го освои првото место во групата, а бразилско – српска преметка имаше и на трибините.
Имено, тричлено српско семејство беше физички нападнато од страна на осум бразилски навивачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На фотографиите може да се забележи како Бразилците тепаат постар човек и жена, а синот за спрските медиуми објаснува дека Србите кои биле во близина не му помогнале туку само го снимале настанот.
„Од почетокот на натпреварот бевме цел на провокации од Бразилците. Прво ни покажуваа среден прст, а потоа се фаќаа и за половите органи и ни дофрлаа со пцовки. Бев на натпреварот со мајка ми и татко ми. Мојот татко некое време седеше мирно и трпеше, но во еден момент им рече да престанат. Тогаш еден од Бразилците стана и тргна кон него. Почна да го удира татко ми, а веднаш се приклучија и уште седум од нив. Јас се обидував да го одбранам. Тука беше и мојата мајка, која исто така се бореше со нив“, објаснува навивачот.
„Страшно е тоа што над нас седеше голема група на Срби, кои не ни помислија да ни помогнат и снимаа со телефоните како Бразилците не тепаат. Не реагираа ни на тоа што една жена беше нападната“, додаде Србинот.