Дома Актуелно Понуда до Баерн: 50 милиони + играч за стариот миленик да се врати на „Ноу Камп“!

Понуда до Баерн: 50 милиони + играч за стариот миленик да се врати на „Ноу Камп“!

alcantara

Како што пресува каталонски „Спорт“ ова лето би можеле да видиме соработка на релација Каталонија – Минхен.

Имено, според најавите на медиумот кој важи за добро упатен со случувањата во Барселона, овој клуб е спремен во своите редови да го врати Тиаго Алкантара!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алкантара во Барселона настапуваше четири години од 2009 од 2013 и е производ на познатата школа. Пристигна во младинските категории во 2008, а по една година помината во Барселона „Б“ доби шанса во првиот тим.

Според информациите, Барселона е спремна да го понуди Лукас Диње и плус 50 милиони евра за услугите на Алкантара. Диње претходно настапуваше во Франција за ПСЖ, во Италија за Рома, а сега би можел да добие прилика и да се проба во Бундес лигата.

За Баерн собра 96 настапи и постигна 12 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Клоп имаше што да му порача на својот наследник

Tренерот на екипата на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека го радува фактот што Арне Слот би…