Дома Трансфер зона Пирло ги прави последните припреми за „новиот Јувентус“: Двајца се пред заминување

Пирло ги прави последните припреми за „новиот Јувентус“: Двајца се пред заминување

Јувентус и Андреа Пирло работат на спремање на тимот за новата сеозна, а потребно е да се направат уште неколку потези.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Целта на клубот сега е да се ослободи од Бразилецот Даглас Коста и Германецот Сами Кедира бидејќи за офанзивецот и играчот за врска нема место. И додека Кедира веројатно ќе си замине со договор за раскин на договорот, за Даглас Коста ќе се бара поголема оштета.

Се споменува интерес од Вулвс, но Бразилезот не сака да оди таму.

Во случај Коста да го напушти италијанскиот шампион прва мета за Јувентус би бил Федерико Киеза. Киеза сака да направи чекор напред во кариерата и смета дека Јувентус е идеална прилика, во Фиренца се спремни да го пуштат за 70 милиони евра.

Матија Де Шиљо исто така е на трансфер листата и ако тој замине, „старата дама“ ќе тргне по бекот на Челзи, Емерсон Палмери. Тој кај Лампард е отпишан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…