
Репрезентативецот на Германија, Џонатан Тах верува дека новиот селектор Јирген Клоп уште на почетокот од својата работа успеа да донесе нова енергија и поврзаност во тимот.
Клоп ги презеде Германците во јули, по дебаклот од испаѓање во осминафиналето на Светското првенство од Парагвај, а пред три дена дебитираше со реми 1:1 против Холандија во Амстердам.
„Донесе искуство од секој клуб каде што работел, таа комбинација на забава и страст, огромна желба за победа, но и способноста да го повлече сиот тим со себе. Навистина може да нè покрене”, рече Та пред вечерашниот дуел со Грција во Аугсбург.
Стоперот на Баерн посебно го нагласи влијанието кое Клоп го има на атмосферата во репрезентацијата…
„Мислам дека по првиот разговор со него секој излезе од соблекувалната со чувство: ‘Во ред, сега сме подготвени заедно да поминеме низ огнот’. Тој едноставно знае како да го обедини тимот. Тоа веќе го гледавме за време на неговата кариера и токму поради тоа беше толку успешен“, изјави Тах.
Дуелот со Грција ќе биде посебен и поради фактот што Германија ќе игра за прв пат по 25 години дома пред навивачи на стоечки трибини, по промената на пропишаните правила на УЕФА.
„Атмосферата на стадионот има огромно влијание на играта. Кога таму стојат вистинските луѓе, атмосферата е извонредна и нејзиното влијание е големо“, рече Јирген Клоп во најавата на средбата.