Дома Фудбал Јуве носи трио од Милано, Манчестер сити и Лајпциг!?

Јуве носи трио од Милано, Манчестер сити и Лајпциг!?

Се заврши летниот преоден рок, а во Јувентус веќе имаат конкретни планови за следното лето, кога ќе се обидат да ангажираат тројца играчи од големите европски клубови на кои во јуни 2027 година им истекуваат договорите.

Италијанскиот ”Газета” денеска се занимава со таа тема и открива дека три имиња се во фокусот на раководството на Јувентус – Фикајо Томори од Милан, Матео Ковачиќ од Манчестер сити и Давид Раум од германскиот Лајпциг.

Томори од почетокот на сезоната е во втор план кај тренерот Рубен Аморим во Милан и сè е поизвесно дека 28-годишниот дефанзивец нема да ја продолжи соработката со ”росонерите” по истекот на договорот.

Јувентус сака тоа да го искористи и да го ангажира следното лето без надоместок, имајќи предвид ограничените финансиски можности по неуспехот во борбата за пласман во Лигата на шампиони.

”Газета” потсетува дека директорот Фредерик Марара го донесе Томори во Милан од Челси и сега сака повторно да соработува со него во Јувентус.

Договорот оваа сезона му истекува и на левиот бек на РБ Лајпциг, Давид Раум, кој е уште една желба на Јувентус, но тука ќе има и сериозна конкуренција од Манчестер јунајтед што исто така покажал интерес за овој играч.

А кога е во прашање средината на теренот, планот на раководството на Јувентус е да се почне ”офанзива” за доведување на хрватскиот репрезентативец, 32-годишниот Матео Ковачиќ од Манчестер сити, кој од почетокот на сезоната добива шанса во Премиершипот ”на лажичка”.

И на Ковачиќ договорот му истекува следното лето, а во Серија А веќе играше од 2013 до 2015 година, кога беше член на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…