
Едуардо Камавинга отворено зборуваше за разочарувањето што го почувствувал откако не добил повик за настап на Светското првенство.
Францускиот репрезентативец признава дека одлуката силно влијаела врз него, особено затоа што во неговата кариера досега работите се одвивале многу брзо.
„Тоа дефинитивно влијаеше врз мене. Сè во мојот живот се случи толку брзо, па ваков вид разочарување е нешто ново за мене“, изјави Камавинга.
Сепак, фудбалерот на Реал Мадрид вели дека најважно е да не се задржува на разочарувањето, туку да продолжи да работи и повторно да се врати на вистинскиот пат.
„Најважно е да се вратам посилен. Рим не е изграден за еден ден“, порача Камавинга, испраќајќи порака дека е подготвен да продолжи да се бори за своето место во француската репрезентација.