Дома Фудбал Барселона пронашла начин да заработи 700.000.000 евра, еве како

Барселона пронашла начин да заработи 700.000.000 евра, еве како

Барселона пронајде нов начин за дополнителна заработка на реновираниот Камп Ноу. Клубот планира да понуди 2.000 ВИП седишта преку долгорочни лиценци, кои на купувачите ќе им овозможат ексклузивно користење на одредени места во период од 15 до 30 години. Се очекува дека овој модел би можел да донесе околу 700 милиони евра.

Каталонскиот клуб го реализира проектот во соработка со американската компанија Legends, со која соработува од 2024 година. Барселона веќе продаде права на 475 ВИП седишта за 30 години и при тоа inkasirala okolo 100 милиони евра.

Во новиот пакет треба да бидат вклучени и 142 места кои летово беа вратени на клубот, откако еден инвеститор од Блискиот Исток не ја исполни обврската од 28,4 милиони евра. Барселона планира да ги продаде преостанатите 2.000 места во текот на наредните две и пол сезони.

Приходите од стадионот веќе значително растат. За време на сезоната 2025/26, влезниците, ВИП содржините и музејот донесоа 250 милиони евра, додека вкупниот приход на клубот достигна 1,06 милијарди. Истовремено, проектот Espai Barça сега е проценет на дури 1,8 милијарди евра, а вкупните финансиски обврски поврзани со него и други активности би можеле да достигнат 2,6 милијарди евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јуве носи трио од Милано, Манчестер сити и Лајпциг!?

Се заврши летниот преоден рок, а во Јувентус веќе имаат конкретни планови за следното лето…