Дома Фудбал Италија На Роналдо му се потребни уште четири гола до крајот на годината за да продолжи неверојатна низа

На Роналдо му се потребни уште четири гола до крајот на годината за да продолжи неверојатна низа

Кристиано Роналдо со години наназад игра на високо ниво во европскиот фудбал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Доминираше Португалецот прво во Манчестер Јунајтед, а потоа и во Реал Мадрид со кој освои апсолутно се и ги сруши сите рекорди кога во прашање се головите.

Роналдо од 2011 година во секоја календарска година постигнуваше 50 или повеќе голови, а за да ја продолжи серијата во осмата година во низа потребни му се уште четири гола во преостанатите три натпревари.

Во овој момент Кристиано е на бројката од 46 погодоци и во натпреварите против Рома, Аталанта и Сампдорија ќе има предизвик да ја продолжи фантастичната серија.
Рекордни 60 погодоци Роналдо постигна во сезоната 2013 година, а иако е убедливо пред сите по бројот на сезони во низа, сигурно дека не сака оваа низа да биде прекината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лудо: ФИФА дополнително ги зголеми цените на билетите, сега се продаваат и по 33.000 долари!

ФИФА ја зголеми цената на најскапите билети за финалниот натпревар на Светското првенство …