Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Модриќ пред Данска: Противник кој е цврст и непријатен

Модриќ пред Данска: Противник кој е цврст и непријатен

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ истакна денес дека Данска е цврст и незгоден противник, но истакна дека и неговиот тим има голема самодоверба пред мечот од осминафиналето на Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нивната статистика покажува колку се цврсти, посебно во одбранбениот дел. Мораме да бидеме на високо ниво. Играме против цврста и незгодна екипа. Имаме голем респект кон нив, но и голема самодоверба“, истакна Модриќ, пренесува агенцијата „Хина“.

Фудбалерите на Хрватска ќе се сретнат со селекцијата на Данска во осминафиналето на СП во Русија.

Данците се надеваат дека нивниот главен играч, Кристијан Ериксен ќе биде клучниот играч на нивната страна. Веќе со денови медиумите го најавуваат судирот на фудбалерот на Тотенхем и капитенот на Хрватска.

„Не сакам да ги споредувам играчите, а уште помалку да ги споредувам со мене. Ериксен е светска класа. Имаше феноменална сезона и сигурно е дека е нивни најдобар и најважен играч. Меѓутоа, екипата одлучува, а не поединецот“, истакна Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…