Голманот на ПСЖ и италијанската репезентација, Џанлуиџи Донарума во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за разделбата со Милан.
Донарума беше мета на критики бидејќи без обештетување си замина од Милан и се пресели во Пари Сент Жермен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сите ме обвинуваат мене за заминувањето, без да размислат што се случуваше на другата страна. Последниот повик од Милан беше да ми кажат дека купиле нов голман. Така заврши нашата врска“, изјави Донарума со што предизвика бура од реакции.
Веднаш стигна одговор од Милан, па спортскиот директор Масара му порача дека повикот бил од култура и почит кон него.
„Ние сметавме дека треба да му се јавиме од учтивост и да му ја соопштиме одлуката, откако тој ги одби сите наши понуди. Беше јасно дека заминува, а ние моравме да купиме нов голман. Среќни сме што го имаме Мањан, а на Џиџо му посакуваме успеси во кариерата“.