Дома Фудбал Меси, што правиш човеку – реакциите на играчите на теренот се доказ што направи вчера (ФОТО)

Меси, што правиш човеку – реакциите на играчите на теренот се доказ што направи вчера (ФОТО)

Долго, долго во светот на фудбалот ќе се зборува за третиот гол на Лионел Меси во вчерашниот натпревар помеѓу Бетис и Барселона.

Аргентинецот запиша хет-трик против Бетис, а посебно се издвојува третиот гол кога го лобуваше голманот на Бетис и по којзнае кој пат го воодушеви фудбалскиот свет.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меси беше многу расположен во текот на целиот натпревар и оние кои го гледаа натпреварот веројатно можеа да почуствуваат дека може да се случи нешто спектакуалрно.

Се случи тоа пред самиот крај на натпреварот, а после погодокот неговото име го скандираа и навивачите на Бетис.

Одредени фудбалери на Бетис и Барселона навистина беа зачудени после тој гол на Меси. Серхио Роберто, но и уште неколкумина се држеа за глава, а всушност беа вистински среќници што можат да бидат сведоци на гол кој ќе влезе во фудбалските анали.

Вчера Меси сруши неколку рекорди. Аргентинецот стана првиот играч кој постигнал пет голови директно од слободен удар во петте најсилнит првенства и Лигата на шампионите оваа сезона.

Потоа стигна до бројката од 600 постигнати голови за тимовите за кои настапувал: Барселона (589), Барселона Б (6), Барселона Ц (5).

Покрај тоа со новиот хет-трик Меси се изедначи со бројот на хет-трикови на Кристиано Роналдо во Примера и сега двајцата имаат по 34.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …