Дома Топ вести Меси побара отказ за Валерде и има свој фаворит за тренер!

Меси побара отказ за Валерде и има свој фаворит за тренер!

Лионел Меси синоќа на натпреварот против Гетафе изгледаше целосно незаинтересирано за игра, па очигледно е дека го чека крајот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот и оваа сезона ја водеше Барса до шампионската титула во Шпанија, но очекувањата на фановите беа да го видат својот тим во финалето од Лигата на шампиони. После дебаклот на „Енфилд“ најмногу на удар се најде токму Меси.

Синоќа Меси не го славеше голот, а после мечот одби да ги поздрави навивачите и веднаш се упати во соблекувалната.

Барселона на лето сигурно ќе направи промени во играчкиот кадар, но се чини дека ќе дојде и до промена на тренерот. Валверде две години со ред на шокантен начин испаѓа од ЛШ, па веројатно тоа скапо ќе го чини.

Веќе се шпекулира дека после финалето на Купот ќе си замине од „Камп Ноу“, а наводно и Меси дал одобрување за негова смена. Наводно Аргентинецот му порачал на раководството дека Валверде треба да добие отказ.

Медиумите тврдат дека Меси му дал неколку предлози на раководството, а интересно е што тој сака да го види на „Камп Ноу“ холандскиот стратег Роналд Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ќе го паметат „Ел Класико“ цел живот – пред полн стадион ја запроси девојката! (Видео)

Еден фан на Барселона ја запроси својата девојка за време на полувремето на Ел Класико на …