Дома Топ вести Меси во првите пет минути само се шета по теренот, а потоа се позиционира таму каде што може да направи најголема штета!

Меси во првите пет минути само се шета по теренот, а потоа се позиционира таму каде што може да направи најголема штета!

Лионел Меси игра уште една фантастична сезона и против Ливерпул повторно ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот.

Неодамна угледниот „Њујорк Тајмс“, односно новинарот Рој Смит опиша зошто Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е четврта верзија од Меси, ако добро се сеќавам. Меси како крило, Меси како лажна деветка, Меси како шпиц и денешниот Меси, кој не може да го ставите ниту во една категорија. Се прашуваме дали ова е неговата последна метаморфоза. На 31 година, Аргентинецот може да игра каде ќе посака, а фудбалерите на Ернесто Валверде го менуваат обликот за тоа да личи на екипа“, напиша Смит.

Интересно е што новинарот тврди дека Меси во првите неколку минути само шета по теренот и ја бара слабата точка на противникот, а синоќа тоа уште еднаш се потврди.

„Во првите неколку минути Меси воопшто нема контакт со топката и не им се нуди на соиграчите. Едноставно, ја наоѓа најслабата точка на противникот. Потоа се позиционира таму каде што може да направи најголема штета. Никогаш не се форсира. Ретко решава да изведе тешки удари и од преголема далечина. Неговиот софтвер секогаш ја пресметува веројатноста и Меси шутира кога ќе реши дека тоа е најдобрата одлука. Оваа Барселона има многу маани кои сериозни противници можат да ги искористат, но додека ја имаат оваа верзија на Меси, ништо друго не е важно“, заклучи новинарот на „Њујорк Тајмс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…