Дома Останати Авто Мото Мерцедес ја повлече жалбата и му ја честиташе титулата на Верстапен

Мерцедес ја повлече жалбата и му ја честиташе титулата на Верстапен

Четири дена по завршувањето на Формула 1 конечно се огласи и Мерцедес.

Со потсетување дека не се задоволни со она што се случи и дека ќе работат на тоа во иднина правилата да бидат точно и детално утврдени му честитаа на Макс Верстапен. Освен тоа нагласија и дека ја повлекуваат жалбата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Го напуштивме Абу Даби во неверување поради она на што бевме сведоци. Секако, дел од играта е и поразот во трката, но поинаку е кога ќе ја изгубиш довербата во тркањето. Со Луис детално разговаравме за тоа како да одговориме на случувањето во финалето на сезоната. Секогаш се водевме со нашата љубов кон спортот и веруваме дека секое натпреварување треба да се освои заслужено. Во текот на трката во неделата многумина вклучувајќи не и нас, чувствувавме дека нешто не е во ред со начинот на кој се одвиваа работите“.

„Причината поради која ја доставивме жалбата на резултатот на трката е тоа што правилата за безбедносното возило на патеката се применуваат на начин кој нема да влијае на резултатот на трката“.

„Се жалевме во интерес на фер-плејот и од тогаш сме во дијалог со ФИА и Формула 1 за да ги разјасниме работите за во иднина натпреварувачите да знаат по кои правила се тркаат и начинот на кој се применуваат. Затоа ја поздравуваме одлуката на ФИА да основа комисија која ќе го анализира она што се случуваше во Абу Даби. Ја поздравуваме и одлуката возачите и тимовите да дадат свој допринос“.

„Мерцедес активно ќе соработува за Формула 1 да биде подобра за сите тимови и за сите кои го сакаат нашиот спорт. Сметаме дека за овој процес одговорна е ФИА и затоа ја повлекуваме нашата жалба“.

„За Макс Верстапен и Ред Бул: Сакаме искрено да ја искажеме нашата почит за вашите успеси оваа сезона. Ја направивте борбата за титулата епска. Ти честитаме и на тебе Макс и на целиот тим. Се радуваме на новата борба следната сезона“, стои во соопштението од Мерцедес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…