Голманот на Милан, Мајк Мањан беше мета на расиститчки навреди за време на мечот против Каљари синоќа.
Мањан беше најблиску до ултрасите на Каљари, а по крајот на мечот тој направи гест дека не ги слуша, па настана вистински хаос на теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мајк ми кажа дека постојано слушал навреди зад голот. Ова е првпат тој да реагира импулсивно, така што имало причина. Томори ми го кажа истото. Расистичките навреди се недопустиви“, изјави Пиоли по мечот.
Французинот на социјалните мрежи им одговори на расистите со фотографија на мајмун и ги воодушеви сите.
N.W.A ✊🏾🖤 pic.twitter.com/Q9sGH9sQE7
— Mike Maignan (@mmseize) March 19, 2022