Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Кувајт во вториот контролен меч на подготовките во Србија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Брестовац го почна натпреварот во истиот состав како и во првиот меч. Натпреварот на почетокот се играше рамноправно но во финишот противникот успеа да стигне до предност од 14:13.
Кувајт почна многу добро во второто полувреме, па набрзо изгради предност од четири гола, а во еден период имаше и шест гола предност 22:16.
Македонија заигра одлично во финишот, но не успеа да избегне пораз и на крајот загуби со конечни 23:24.
Утре македонската експедиција се сели во Букурешт, каде во сабота ќе ги одмери силите со Алжир.