Дома Фудбал Италија Лудница во медицинскиот центар: Роналдо пристигнува на медицински прегледи

Лудница во медицинскиот центар: Роналдо пристигнува на медицински прегледи

Кристијано Роналдо вчера допатува во Торино и денеска ќе потпише за Јувентус.

Португалскиот репрезентативец се одлучи на нов предизвик во кариерата и многумина ги шокираше кога соопшти дека го напушта Реал Мадрид и заминува во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера пристигна во Торино, а денеска ќе ги помине медицинските прегледи. Во медицинскиот центар на Јувентус се собраа околу 500 навивачи во дресот на Роналдо, кои дојдоа да го видат својот нов идол.

После девет години во Реал, Роналдо ќе го облече црно-белиот дрес, а неговото официјално претставување е закажано за денеска.

Да потсетиме, Роналдо ќе потпише договор на четири години и ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…