
На 83-годишна возраст почина Сандро Мацола, една од најистакнатите фигури во историјата на милански Интер и италијанската репрезентација.
Целата негова 17-годишна професионална кариера ја помина во еден клуб – Интер, за кој забележа 565 настапи и постигна 158 гола.
Неговиот живот и кариера беа проткаени со големи фудбалски приказни и лична трагедија. Кога имаше само шест години, неговиот татко Валентино Мацола, капитенот на Торино и италијански репрезентативец, загина во авионска несреќа во Суперга во 1949 година.
За првиот тим на Интер дебитираше на 18 години против Јувентус, токму на денот кога го положи училишниот испит, постигнувајќи го единствениот гол за својот тим во натпреварот.
Брзо стана клучен играч на миланскиот клуб, освојувајќи четири титули првак на Италија и два Купа на европски шампиони. Се памети финалето од 1964 година, кога постигна два гола против Реал Мадрид во победата од 3:1, а веќе следната година со Интер ја одбранија титулата европски шампиони.
Забележителни успеси постигна и со репрезентацијата на Италија, освојувајќи го Европското првенство во 1968 година против Југославија, и учествуваше во финалето на Светското првенство во Мексико во 1970 година.
По завршувањето на играчката кариера во 1977 година, продолжи да работи во фудбалот како спортски директор на Интер и Торино.
Во чест на неговата смрт, миланскиот Интер се прости од својата легенда со порака дека Мацола не беше само дел од историјата на клубот, туку сама таа историја, истакнувајќи дека секогаш сакал да биде запомнет како добар човек кој се бори дури и кога победата е невозможна.
C’è chi entra nella storia. E poi c’è chi diventa la storia stessa dell’Inter.
— Inter ⭐⭐ (@Inter) September 18, 2026
Da ragazzo nerazzurro a simbolo eterno, Sandro Mazzola ha attraversato generazioni, vincendo, emozionando e tramandando l’amore per questi colori.
Brillava in campo, brilla anche ora, la stella del… pic.twitter.com/3kg2V6M2aC