Дома Фудбал Легендарниот Руни прифати потполно нов предизвик: Ова од него никој не го очекуваше

Легендарниот Руни прифати потполно нов предизвик: Ова од него никој не го очекуваше

Вејн Руни повторно се враќа на BBC, но овој пат во улога која ќе биде сосема поинаква од сè што сме навикнале да гледаме од легендата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија.

Руни ќе биде главна ѕвезда во новиот фудбалски квиз насловен “Можеш ли да го победиш Вејн Руни?”, во кој неговото фудбалско знаење ќе го одмерува со различни познати личности.

Емисијата ќе ја води комичарот Алекс Брукер, а форматот ќе биде достапен преку BBC Sport YouTube каналот и BBC iPlayer.

Идејата е Руни повеќе да не биде само аналитичар кој ги коментира натпреварите, туку централна фигура на натпреварување во кое неговото знаење ќе биде директно ставено на тест.

Руни во изминатата година стана редовен гостин во телевизиските студија, каде што внимание привлече со своите анализи и коментари, но новиот проект оди во сосема друга насока.

BBC сака да ја искористи неговата натпреварувачка природа, но и огромното искуство кое го стекнал за време на кариерата во Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taга во Милано, почина една од најголемите легенди на Интер

На 83-годишна возраст почина Сандро Мацола, една од најистакнатите фигури во историјата на…