Дома Фудбал Хаосот во Франција продолжува, Дембеле повторно го нападна Мбапе без да му го спомне името

Хаосот во Франција продолжува, Дембеле повторно го нападна Мбапе без да му го спомне името

Усман Дембеле продолжува да комуницира индиректно со капитенот на својата репрезентација, Килијан Мбапе. На прашањето кого го смета за најдобар фудбалер во светот, Дембеле одговори: „Квича Кварацкелија е најдобриот на планетата.“ Не застана тука: „Би бил пресреќен ако Квара ја освои Златната топка, бидејќи ја заслужува.“

Француските новинари и љубителите на фудбалот ја сметаат оваа изјава на Дембеле како индиректна порака до Мбапе, без да го спомене неговото име. Целата приказна почна со интервју на Килијан Мбапе за „France Football“, каде што говореше за своите амбиции за Златната топка и го спореди својот пат со оној на Дембеле. За Дембеле, кој минатата година ја освои наградата Ballon d’Or, изјави дека секогаш бил гледан како голем талент, додека за себе рече дека отсекогаш бил „избраниот“ играч:

„Дембеле? Секогаш се мислеше дека тој е талентиран играч. Јас, пак, отсекогаш бев гледан како избраниот. Многу рано достигнав врв. Усман имаше поинаков пат, обележан со повреди, но се врати.“

Изразот „избраниот“ стана предмет на контроверзија. По победата на ПСЖ против Брест, Дембеле беше прашан за трката за Златната топка. Неговиот одговор, очигледно, беше референца на зборовите на Мбапе: „Знаете, јас отсекогаш сум бил на потешката страна, работев напорно. Во текот на целата кариера не зборував, но многу работев. Како што реков, никогаш не бев избраниот. Но, неверојатно многу работев.“

Оваа изјава ја пренесоа француските медиуми, а „L’Équipe“ и „RMC Sport“ наведуваат дека реакцијата на Дембеле предизвикала голем одѕив во таборот на Мбапе. Коментаторот и поранешниот репрезентативец Жером Ротен предупредува дека ситуацијата може да доведе до раскол во националниот тим, кој од неодамна е предводен од Зинедин Зидан.

„Ми кажуваат дека многу од репрезентативците повторно не ги разбираат неговите изјави. Повеќето се на страната на Дембеле, отколку на Мбапе. Иако станува збор за истиот тим, се чини дека се формираат два табора. Многу ме интересира како ќе се поздравуваат Усман Дембеле и Килијан Мбапе на следното собрание на репрезентацијата. Мислам дека ќе биде напрегнато“, истакна Ротен.

Дел од соблекувалницата на француската репрезентација ги толкува зборовите на Мбапе како потценување на останатите членови на тимот. „Импресијата што се формираше за време на Светското првенство сега е уште поочигледна. Многу играчи имаа проблеми со однесувањето и изјавите на Мбапе, тоа е факт.

Тој ги заврте многумина против себе во рамките на репрезентацијата. Светското првенство заврши како заврши, а кога сте најдобар стрелец и се однесувате примерно, како што тогаш се однесуваше Килијан, критиките во тимот се намалуваат. Меѓутоа, вакви изјави сега ќе му одмогнат“, објасни Ротен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Унион Берлин по дебаклот од Баерн му се налути на Јамал!

Фудбалерите на Унион Берлин претрпеа вистинска катастрофа на гостувањето кај Бајерн, губеј…