Дома Фудбал Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Ситуацијата која последниве недели се развива на Емирејтс очигледно воопшто не му се допаѓа на Виктор Ѓокереш, а неговите претставници веќе испитуваат можности за заминување од Лондон.

Шведскиот напаѓач пристигна во Арсенал пред две години за трансфер вреден околу 63,5 милиони фунти вклучувајќи бонуси, но неговиот статус во тимот сега е далеку од тоа на што се надеваше кога потпиша за Топчиите.

Ѓокереш во првата сезона не ги оправда целосно огромните очекувања, но неговите бројки сепак беа сосема добри.

Постигна 14 голови во Премиер лигата и вкупно 21 во сите натпреварувања, а Арсенал на крајот стигна до титулата шампион на Англија и финалето во Лигата на шампиони.

Според информациите на CaughtOffside, Швеѓанецот е фрустриран од својот моментален статус и сериозно ја разгледува својата иднина во Арсенал доколку ситуацијата наскоро не се промени.

Чини се дека неговиот табор не сака да чека последен момент. Претставниците на 28-годишниот напаѓач веќе започнале прелиминарни разговори со дури четири клуба, а меѓу нив се наоѓаат два европски гиганта.

Јувентус и Милан сакаат да бидат запознаени со ситуацијата, додека контакти воспоставиле и саудиските Ал-Ахли и Ал-Итихад. За сега се работи за почетни разговори, а не за договорен трансфер.

Арсенал, од друга страна, моментално не се обидува активнo да го продаде Ѓокереш. Сепак, според истите извори, ставот на раководството на лондонскиот клуб може да се промени доколку за време на јануарскиот трансфер период успеат да донесат големо засилување за нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После оваа сцена јасно е дека Ханси Флик ја отфрли ѕвездата на Барселона?

Барселона победи на гостувањето во Севиља со 3:1, а втор натпревар по ред тренерот Ханси Ф…